Авторски права mk-in.de

Германскиот Бундестаг донесе закон за заштита на проститутките, односно закон за заштита и регулирање на лицата кои работат проституција. Овој закон беше изгласан минатата година на 23 септември, а влезе во сила оваа година на 1 јули.

Целта на законот е да се подобрат условите за луѓето кои се занимаваат со проституција од страна на зајакнување на нивната определба и да се обезбеди подобра заштита од експлоатација, подведување, насилство и трговија со луѓе. Правната основа, исто така, служи за регулаторните инструменти за следење на проституцијата што овозможува полесно да се справуваат со трговијата со луѓе.

Основните точки на законот се новите проститутки да мораат задолжително пред почетокот на нивната кариера како проститутки да имаат бесплатно задолжително советување со психолог и потоа мораат да побараат дозвола за работа како проститутка.

Добивањето на дозвола за работа како проститутка не бара исполнување на многу услови, и исто така имаат специјален третман во институцијата од каде со добиваат дозволите во однос на заштита на личните податоци.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани