Авторски права mk-in.de

Само со вистинското име може автомобилот да биде успешен. “Голф” сега е филозофија. Но, постојат и лоши грешки.

Еве топ листа примери на лоши именувања на автомобили

 

10. Ауди ги нарекува своите експерименти со електрични и хибридни возила “е-трон”. Во Франција, ова име можеби не е токму промотивно, бидејќи таму  “е-трон” значи животински измет.

 

9. Многу слични асоцијации имаат французите со Toyota MR2. Бидејќи брзо изговорено името на спортскиот автомобил звучи како “Merde” (срање). Поради оваа причина Тојота се откажа во Франција од бројот 2 на крајот.

 

8. Mitsubishi Pajero веројатно не е лош автомобил, на нас Македонците не ни пречи со името. Но не и на луѓе кои  зборуваат шпански, бидејќи во оваа јазична област се подразбира “Pajero” како Маструбатор. Затоа овај тип возило во таквите земји се продава под името “Montero”.

 

7. Lamborghini Reventon е автомобил со суперлативи. Сепак, пронаоѓачот на името Ревентон веројатно не бил во можност да зборува на шпански јазик. Таму, “reventón” значи скината гума.

 

6.Chrysler PT Cruiser се е, само не е  пример за слобода од дефекти. Покрај тоа,  на англиски јазик од двете букви P и T „pity“  значи сожалување. Кој пак би бил соодветен за дефектите …

 

5. Дали во Македонија автомобил со име “К*ре” ќе се продаде добро? Веројатно не. Но Форд имал мал автомобил наречен “Пинто” во 70-тите години на пазарот. Меѓутоа, во Бразил, овој збор во народните речници значи “К*ре”.

 

4. Во неговата родна Јапонија и, веројатно, насекаде во светот, никому не треба да му пречи името Miev. Но, во Германија предизвикува смеа дека  името на малиот електричен автомобил од Мицубиши, кој треба да биде многу чист и еколошки, зборот “miefen” на Германски значи смрдеа, дури и ако е напишан поинаку.

 

3. Во 2006 година, Citroën претстави на Паризското Мотор шоу  Métisse, екстравагантен купе со дизел хибриден мотор. Името обично беше преведено како полукрв, кое исто така народно значи  копиле.

 

2. VW отсекогаш сакал да ги нарекува своите  модели според ветриштата, создавајќи класики како што се “Golf” и “Passat”. Не е толку успешен Венто, бидејќи во Италија ветерот стана многу брзо прдешка, на Италијански Венто значи Прдеш.

 

1. Исто така Kia, во Америка кога ќе загини Војник во извештајот се наведува причината за смрт како скратеница KIA што значи  „Killed in Action„ Убиен во Акција.

 

 

 

 

 

.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани