Авторски права mk-in.de

 

 

 

Во германската сојузна покраина Баварија се наоѓа Нирнберг, кој по големина е веднаш зад главниот град на оваа покраина – Минхен. Во 15 и 16 век овој град бил центар на науката, културата и уметностите, па тука бил обележан и развојот на германскиот хуманизам и ренесансата. Посетете го и истражете го градот кој е преполн со приказни.

Најголемата колекција на германска уметност и култура 

Музеј со повеќе од еден милион предмети што сведочат за уметничката и културната историја на регионот се наоѓа токму во Нирнберг, односно во најголемиот културен и историски музеј во целата земја. Германскиот национален музеј бил основан во 1852 година, а уметноста и културата од германското говорно подрачје се прикажуваат на иновативен начин и го прават градот вреден за посета.
Најстариот зачуван глобус во светот 

Германскиот национален музеј кој, поради неговата големина, можете да го истражувате цел ден и за кој често се вели да го посетите двапати за подобро да го доживеете, содржи некои од светски познатите дела. На пример, во него можете да го пронајдете најстариот сочуван глобус во светот, познат како „Ердапфел“, кој во 1942 година бил изграден од истражувачите Мартин Бехаим и сликарот Георг Глокендон Дела на светски познатиот сликар

Во истиот музеј можете да најдете и разни уметнички дела на светски познати автори, а тука најмногу се истакнуваат делата на Албрехт Дирер.

Историја напишана на ѕидините

Кога ќе се најдете во Нирнберг, прошетајте го градот и обрнете внимание на ѕидините. Некои датираат од 14 и 15 век, а некои од 16 и 17 Во северниот дел на градот, пак, можете да го посетите замокот на Нирнберг, една од најважните средновековни тврдини во Европа, а од кулата можете да уживате во најдобриот поглед на цел град. Влезот е бесплатен.
Атракции полни со прекрасни детали 

Во Нирнберг постојат многу атракции што вреди да ги посетите, а на Хапутмаркт, градскиот плоштад, се наоѓа фонтана од 14 век која воодушевува со својот изглед. Проучете ги нејзините детали, а потоа побарајте ги готската црква Св. Ловре и црквата Фраункирхе.

Музеј за големи и мали

За крај, не заборавајте да посетите уште еден музеј, кој ќе биде интересен и за големите и за малите. Станува збор за музејот за играчки, кој дава увид во развојот на играчките, дури од средновековна доба и играчките направени во самиот град, познат по врвните креатори на кукли.

Посетете го Нирнберг, патувајте низ историјата во неговите музеи, уживајте во културните и уметнички дела и секако – пробајте го познатиот нирнбершки колбас.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани