Авторски права mk-in.de

Камионите се едни од најголемите загадувачи на воздухот и придонесуваат за влошување на климатските промени. Германија гледа кон иднината со еколошко решение.

Електричниот автопат во вкупна должина од 10 километри ќе го сочинува систем од електрични кабли од кои камионите ќе влечат електрична енергија. Ова е првиот ваков подвиг на јавен автопат во Германија.

Системот што го разви групацијата Siemens (SIEGY) ќе овозможи големите транспортни камиони да ја користат електричната енергија преку специјална опрема прикачена на покривот на возилото. На овој начин камионите ќе може да возат „зелено“ со брзина од најмногу 90 км/ч.

Камионите ќе се движат со електричен мотор кога се прикачени на системот и на хибриден систем кога ќе се вратат на „традиционалните“ патишта. Специјални сензори ќе покажуваат каде има достапни кабли за напојување.

На овој начин драстично ќе се намали испуштањето на штетниот CO2 во атмосферата.

Trucks on a section of road used to test the eHighway system in Germany.

Вчера беше пуштен во употреба системот на дел од патот меѓу аеродромот Франкфурт и блискиот индустриски парк, а наскоро ќе се отворат уште два дела на автопатот.

Германската влада потроши 70 милиони евра за да опреми камиони што ќе може да го користат системот. Siemens вели дека еден сопственик на камион може да заштеди до 20.000 евра на гориво на секои 100.000 километри користејќи го системот.

Досега биле тестирани опции за е-автопати во помали размери во Шведска и во близина на Лос Анџелес и Лонг Бич во САД.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани