Авторски права mk-in.de

Протести во Германија против скапите кирии

Повеќе десетина илјади луѓе протестираа во саботата во Берлин и други германски градови поради зголемувањето на кириите.

Протест поради се поскапите кирии имаше и во другите европски метрополи.

Во Германија најголемиот собир беше одржан во Берлин.

Германската полиција наведува дека на протестот во престолнината имало повеќе од 10.000 лица, додека организаторите на собирот зборуваат за дури 40.000 учесници, пренесува „Билд“.

Тие носеле транспаренти на кои пишувале „Престојувањето е основно право“ и „Град за сите“.

Собирани се и потписи за референдум на кои би се барала експропријација на компании кои во своја сопственост имаат повеќе од 3.000 станови и кои постојано ги зголемуваат кириите.

Освен во Берлин, протести беа одржани во уште 18 германски градови.

Протести беа одржани и во 13 европски градови како Амстердам, Барселона, Брисел, Будимпешта, Лисабон и Париз.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 Mk-in.de. Сите права се задржани