Авторски права mk-in.de

Копенхаген е прогласен за најдобриот град за живеење за Европејците, покажува најново истражување.

Градовите во Скандинавија, Холандија и во Швајцарија се наоѓаат меѓу првите 20 најдобри за живеење за иселениците, според податоците од консултантската куќа „ЕКА интернешнл“.

Надвор од Европа, канадските градови зазедоа високо место, како и Канбера во Австралија и главниот град на Нов Зеланд, Велингтон. Сингапур беше единствениот азиски град што се најде меѓу првите 100.

– Градовите во Скандинавија, Швајцарија и во Холандија нудат добри можности за живот веќе неколку години; одличната инфраструктура, безбедниот превоз и високото ниво на здравствена заштита придонесуваат за нивната постојана одлична оцена за живот – вели Нил Ашман, аналитичар на рејтингот од „ЕКА интернешнл“.

Тој додава дека оцената за живот на Лондон останува стабилна и покрај повисокото загадување на воздухот и зголеменото ниво на криминал во изминатата година.

„ЕКА“ рангирала 480 града низ целиот свет врз основа на различни фактори за живеење, вклучувајќи ги здравствените услуги, домувањето, општествениот живот и климата.

Ова се 20те најдобри.

1. Копенхаген, Данска

1. Берн, Швајцарија

3. Хаг, Холандија

4. Женева, Швајцарија

5. Ставангер, Норвешка

6. Амстердам, Холандија

7. Ајндховен, Холандија

8. Базел, Швајцарија

9. Луксембург, Луксембург

10. Гетеборг, Шведска

11. Даблин, Ирска

12. Архус, Данска

13. Ротердам, Холандија

14. Цирих, Швајцарија

15. Бон, Германија

16. Минхен, Германија

17. Виена, Австрија

18. Хамбург, Германија

19. Стокхолм, Шведска

20. Единбург, Велика Британија

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани