Авторски права mk-in.de

Поминаа 73 години од последната светска војна која однесе неколку десетици милиони жртви и го фрли светот на колена.

Политичките и воените аналитичари велат дека врз основа на зголеменото наоружување, опасните воени реторики на светските сили и растот на тензијата и тероризмот не го поставуваат прашањето дали ќе има Трета светска војна, туку кога ќе избие истата.

Со изјавата дека не знае со кое оружје би се водела Третата светска војна, но е сигурен дека четвртата би се водела со палки, Алберт Ајнштајн дал точен опис на страдањата кои би ги предизвикал конфликтот од светски размери.

Но, експертите сметаат дека и тогаш во светот ќе останат “оази на мирот” – држави за кои се верува дека ќе бидат релативно безбедни.

Традиционално неутрална Швајцарија

Со планинскиот терен, долгата традиција на неутралност, бројните бункери и тешко наоружаната војска, Швајцарија без сомнеж се докажала како безбедно засолниште во текот на крвавата историја на Европа. Иако е опкружена со Германија, Франција и Италија, за кои аналитичарите велат дека веројатно ќе бидат мета на нуклеарни бомби, Швајцарија е природно заштитена од тие опасни зони благодарение на планините кои ја опкружуваат. Бројното население би можело да најде спас во високите планини во случај на атомска војна.

Доволно изолирани од светот

Тували, Нов Зеланд, Исланд и Бутан немаат силна одбрана, но се доволно отфрлени за да немаат никакво стратешко или економско значење за потенцијалните напаѓачи. Само Нов Зеланд и Бутан имаат војска од околу 9000 и 6000 активни војници. Нов Зеланд се наоѓа на четвртото место на Глобалниот мировен индекс, а предноста на овие земји е тоа што имаат чиста вода и плодно тло кое им овозможува да преживеат без другите.

Чиле има природна заштита

Чиле е заштитен со речиси непробојна бариера – Андите на запад и океанот на својот исток. Освен тоа, јужната хемисфера на Земјата има поквалитетен воздух (помалку градови, помала популација и индустрија и воздушни маси помеѓу северот и југот кои најчесто остануваат одвоени), па затоа е многу мала веројатноста да биде потенцијална нуклеарна мета.

Данска има адут

Нема сомнеж дека Данска би страдала во големата европска војна поради тоа што е дел од НАТО и е опкружена со големи европски држави, но таа има еден адут во својот ракав – Гренланд. Овој најголем остров на светот е оддалечен, изолиран, политички неутрален и се одликува со планински терен. Гренланд е самоуправна автономна територија под суверенитет на Данското кралство, па се претпоставува дека извесен број на жители би барале засолниште токму на овој остров.

Тврд орев кој е подобро да се заобиколи

Малта во текот на историјата успешно се изборила против бројните обиди за освојување. Секој потенцијален напаѓач добро би размислил пред да отпочне таква скапа и безнадежна инвазија, а релативно малата територија на оваа земја не би го оправдала фрлањето на цели нуклеарни ракета, па затоа теоретичарите претпоставуваат дека завојуваните страни најверојатно би ја игнорирале Малта.

Ирска не војува

Ирска е просперитетна и развиена држава, а она што е најважно е тоа што таа нема никакви воени врска со било која сила која би можела да учествува во Третата светска војна. Ирска тежнее кон политичка независност, не е членка на НАТО и има долга историја на воена неутралност. Според ирскиот закон, оваа држава може да влезе во воен конфликт исклучиво доколку тоа го одобрат Обединетите Нации.

Фиџи е предалеку од сè

Фиџи лежи во Пацификот, а оддалеченоста помеѓу неговите речиси илјада острови и првото копно е огромна. Толку изолиран, Фиџи е безбеден од потенцијалните инвазии, а освен тоа тој се одликува и со мал број на жители (околу еден милион) и воено неутрална влада.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани