Авторски права mk-in.de

Наш сограѓанин кој живее и работи во Германија своето необично искуство од Заводот за вработување во Минхен го сподели на Фејсбук.

Тој бил во Агенцијата бидејќи имал потреба од некои документи и информации, но морал да почека за да дојде на ред. Додека чекал, пред него имало „наши луѓе“ – како што вели тој. Не можел да поверува што слуша кога тие почнале да зборуваат меѓу себе.

„Седат два типа и чекаат, исто како и сите други. И го слушам едниот: Мајката нивна, што прават, што не ме викнат? А чекаа, по моја проценка, околу 20 минути.

Доаѓа уште еден тип, ги слуша дека зборуваат нашки и им се приклучува во разговорот, секако почнува да се жали: Само да не ме пратат на обуки или часови за јазик, немам време за тие глупости, работам! Секако, работи градежништво на црно.“

Покрај него седеле и мајка и ќерка:

„Ќерката со страв чека да ја повикаат. И ја прашува мајка и што да каже, како да се брани ако и понудат работа?

Секако, мајката (која исто така е пријавена во Агенцијата и прима надомест за невработени) има искуство и добри одговори, па ја поучува ќерка и: Кажи им дека ти не можеш да ја работиш таа работа, дека ти е многу далеку, не знаеш јазик… И уште какви ли не изговори.“ – Опишува нашиот сограѓанин што се се изнаслушал за 5 минути.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани