Авторски права mk-in.de

Доколку сакате да заработите многу повеќе отколку во Македонија, тогаш Германија е една од земјите кои треба да ги разгледате. За најголема заработка ќе ви биде потребно медицинска диплома, но постојат многу други професии кои бараат значително помали квалификации.

Ако имате диплома за стоматолог, можете да сметате дека годишно ќе заработите околу 117.000 евра, додека како општ доктор годишната заработка се движи околу 78.000 евра. Менаџерите на финансиски фондови во Германија заработуваат до 75.500 евра годишно.

Сепак, многу поголема е шансата дека како мигрант ќе работите на некои од помалку платените работни места. Како одржувач на хотелски соби се заработуваат до 19.000 евра годишно, додека во угостителството заработката е околу 1.000 евра поголема.

Како фризер можете да заработите околу 21.000 евра, како келнер 22.000, а доколку се вработите во кол-центар можете да заработите околу 24.000 евра годишно – иста плата која ја заработуваат касиерите и рецепционерите. Забните техничари заработуваат 1.000 евра повеќе, а истите пари би ги заработиле и работејќи како готвач.

Посебно популарна професија е возач на камион, која за разлика од другите може да донесе заработувачка која варира од 26.000 до 30.000 евра годишно, во зависност од компанијата и релациите на кои би возеле.

Од вкупно 32,7 милиони работници во Германија, вкупно 3,6 милиони работници работат легално без притоа да поседуваат германско државјанство. Од нив 2 милиони доаѓаат од земјите од Европската унија, додека останатите се од земјите надвор од неа.

Извор: Кајгана

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани