Авторски права mk-in.de

Германија депортирала рекорден број бегалци во држави од ЕУ

Германија депортирала рекорден број бегалци во држави членки на Европската унија. Тоа го објави германскиот весник Зидојче цајтунг повикувајќи се на податоци на федералните власти побарани од пратеник на левицата.

Повеќе од 8.600 луѓе се депортирани во други држави во рамки на ЕУ во перидот јануари – ноември 2018 година. Тоа е историски максимум за Гермнаија.

Бројот на депортиртани е значително зголемен во споредба со 2017 година – од 7.102 лица за 12 месеца до 8,658 луѓе за 11 месеци.

За неполна 2018 година, германските власти испратиле во други држави од ЕУ повеќе од 51.500 молби за прифаќање бегалци. Повеќе од 35.000 од тие молби се одобрени.

Во минатата година Германија не вратила ниту еден мигрант во Унгарија. Само петмина се предадени на Грција. Држави од Еу на Германија и предале 7.205 мигранти од кои речиси половината се протерани од грчките власти.

Извор: Сител

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 Mk-in.de. Сите права се задржани