Авторски права mk-in.de

Џенифер В и нејзиниот сопруг џихадист, купиле девојче кое го држеле како робинка во ирачкиот град град Мосул и свирепо ја мачеле додека не починала – рекоа турските обвинители во Петокот.

Петгодишната девојка била во групата заробеници кои беа фатени во северниот дел на Ирак од страна на ИСИС.

Џенифер В. се придружила на Исис во август 2014 година и во Ирак патролирала по парковите на Мосул и Фалуџа, наоружана со калашников, пиштол и експлозив околу половината, со должност да внимава на жените дали се облекуваат и се однесуваат според правилата кои ги наметнаа исламските терористи.

Заедно со неименуваниот терорист за кого се омажила, заробила девојче, за кое германските медиуми пишуваат дека можеби било припадник на народот Језиди, кој исламските терористи го прогонуваа и поробуваа.

Кога детето се разболело и се измокрило на душекот на кое спиело, сопругот на германската терористка под казна го изнесол во дворот и со ланци го врзал на жешкото сонце и ја оставил тука се додека несреќното девојче починало од жед.

Германката му го дозволила тоа и не направила ништо за му го спаси животот на девојчето. Неколку месеци после тоа ужасно дело, таа се појавила во германската амбасада во Анкара, со намера да го продолжи пасошот. Тогаш ја приведила турската полиција, изјави BBC. Екстрадирана е во Германија, каде поради недостаток на докази и е дозволено да се врати дома во Долна Саксонија.

Меѓутоа, кога сакала да отпатува во Сирија, е уапсена од германската полиција и од тогаш е во притвор. Обвинета е за убиство и воени злосторства, и и се суди во судот во Минхен. Во случај да биде осудена, и се заканува казна од доживотен затвор.

После три годишна окупација, Мосул е ослободен од Исис кој ја изгуби контролата на сите територии кои ги конролираше во Ирак и Сирија.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани