Авторски права mk-in.de

„Нешенел Џиографик“ ја смести Maкедонија во топ дестинации за посета во 2019 година – Еве што издвоија за нашата земја и кои се останатите 27 дестинации

Светскиот телевизиски канал “National Geographic” ja смести Македонија помеѓу 28-те дестинации за патување во 2019 година.

Помеѓу светските егзотични места ширум светот, репортерот на “National Geographic”, ja смести Македонија на 25-то место, а за нашата држава напишаа:

“Без разлика на тоа дали Македонците ќе го стават зборот “Северна” или не пред нивното име, неодамнешните вести за овој долготраен спор со Грција го подигнаа профилот на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, без излез на море, Македонија можеби нема брег, но е богата со планини и езера.

Големите врвови, длабоките клисури и водопади се благослов за трите национални паркови во земјата: Галичица, Маврово и Пелистер.

Како нешта кои треба да се испробаат репортерот на “Нешонал Географик” ги потенцира: возењето кајак на Охридското Езеро – едно од најстарите и најдлабоките езера во светот, како и летањето со параглајдер над Пелагонија, со полетување од Крушево”.

Oстанатите дестинации кои ги предлагаат се:

Мексико Сити

Амазон во Перу

Фанжингшан, Кина

Дакар, Сенегал

Дордоњ, Франција

Регионот на Кантербури во Нов Зеланд

Хоанг Лиен Сон, Виетнам

Гренланд

Оман

Канзас Сити, Мисури, САД

Француска Полинезија

Вевеј, Швајцарија

Бисти/Де-На-Зин, Ново Мексико

Белизе

Maтера, Италија

Кано Кристална Река, Колумбија

Каиро, Египет

Торонто, Канада

Галвеј, Ирска

Горонгоса националниот парк во Мозамбик

Оукланд, Калифорнија

Салвадор, Бразил

Исла Де Лос Естадос, Аргентина

Баухаус Трејл, Германија

Перт, Австралија

Црна Гора

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани