Авторски права mk-in.de

Адријана Колесар полицајката од Дрезден, која ја доби тиулата „најубава во Германија“ добила ултиматум од своите надредени и мора да се одлучи дали ќе продолжи да биде Инстаграм ѕвезда или ќе се посвети на нејзината професија како полициски службеник.

34-годишната полицајка ја стекнала својата слава пред 2 години и сега има 557.000 следбеници на Инстаграм.

Претходно оваа година добила шестмесечно неплатено отсуство од локалните сили, за да се врати на служба како полицаец на 1 јануари 2019 година. Во текот на изминатите шест месеци таа ги почести нејзините следбеници со фотографии од себеси од целиот свет, додека таа го поминува своето време на возбудливи дестинации и ја следи кариерата на социјалните медиуми.

По состанокот со нејзините претпоставени оваа недела, ѝ било кажано дека мора да се врати на работа со полно работно време во јануари или да даде отказ. Саксонија има потреба од полициски службеници и во моментов бара да пополни 1000 позиции во силите, според германските медиуми.

Адријана вели дека би сакала да ги работи и двете, но дека не можеме да добиеме сѐ што сакаме во животот. Таа има рок до понеделник да одлучи дали сака кариера како полицаец или како фитнес модел на социјалните мрежи.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани