Авторски права mk-in.de

Точно еден тон чоколадо ја поплавило улицата во малото германско гратче Westoennen во западниот дел на Германија, создавајќи го сонот на најголемите „чоко-обожаватели“ – вистинска чоколадна улица.

„Мал технички дефект“ е официјалната причина за излевањето на чоколадото од резервоарот за складирање во фабриката DreiMeister.

Откако течното чоколадо дошло во контакт со студениот асфалт, набрзо се стврдналo.

Биле потребни 25 пожарникари кои морале да го отстрануваат тврдото чоколадо залепено на асфалтот со помош на лопати. Потоа морале да употребат и топла вода и факели со цел да го отстранат чоколадото од пукнатините и дупките на улицата.

Сепак, фабриката ќе продолжи со непречена работа, а директорот на фабриката изјавил дека вистинска среќа е што чоколадото не се излеало пред Божиќ, затоа што тоа ќе било „вистинска катастрофа“.

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани