Авторски права mk-in.de

На 26 април 2002 година, 19-годишник со пиштол влегол во средно училиште во градот Ерфурт во источна Германија и убил 16 лица. Ова било прв ваков настан во Германија, а неговото влијание било огромно.

Во пукањето животот го изгубиле 12 наставници, секретарка, двајца ученици и полицаец. Убиецот потоа го насочил пиштолот и кон себе.

Случката била прва од таков тип во Германија. Довела до многу промени во Германија, во училиштата и законите за оружје.

Во 2002 бил воведен психолошки тест за секој под 25 години што сака легално да поседува оружје. Легалната минимална возраст за оние кои сакаат да се приклучат во клуб за пукање била зголемена на од 18 до 21. За ловџии минималната возраст била зголемена  од 16 до 18.

По уште едно пукање во училиште во 2009 година, кога загинале 15 лица, законите за поседување оружје станале уште построги. На властите им била дадена моќта да ги бараат сопствениците на пиштолите за да се осигураат дека оружјето прикладно се чува.

Воведени биле промени и во начинот на кој полицијата реагира на вакви настани. По инцидентите било воведено правилото дека дури и обичен полицаец може да влезе во објектот во кој има пукање, а не само специјалните единици.

Исто така, во училиштата, особено во она во Ерфурт биле вработени психолози кои биле задолжени да се справуваат со ранливите ученици. До 2012 година, државата вработиле 35 психолози со полно работно време.

Биле воведени промени и во образовниот процес. Сите ученици кои завршуваат гимназија добивале квалификација, дури и ако не го положат завршниот испит „Abitur“. Со добиената квалификација можат да аплицираат во колеџите. Доколку се забележи пад во учењето кај учениците или дисциплината, веднаш се информираат родителите.

Извор: Локал.де

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани