Авторски права mk-in.de

Дизел скандалот за автомобили на  производителот VW плива во нова афера. На доверливите клиенти ширум светот групата продала илјадници таканаречени возила пред производството во “нејасна состојба” без проверка,

Спрема изјавата на  Spiegel, списанието има внатрешни документи од VW групата, кои докажуваат колку е лоша оваа претпоставка. Сегашниот извршен директор Херберт Диес беше информиран од неколку ревизорски извештаи уште од јули 2016 година за проблемот и поврзаните ризици. Сепак, потребни беа повеќе од две години пред VW да  извести илјадници клиенти во почетокот на декември, им се извини и им побара да им ги одкупи своите автомобили.

Од 2006 до 2015 година, VW има продадено речиси 17.000 такви експериментални модели кои се предмет на “проблематика”  “без тестирања и корекција”, како што е наведено во извештајот за ревизијата на VW. Испитувачи на ревизиите биле вознемирени околу тоа, и  во јули 2016 година  изјавиле дека имаат потреба од “итна меѓусекторска акција” со “доверлива” комуникација.

 

“Значителни слабости”

Во извештајот поднесен во октомври 2016 година, тие не се жалеле на значителните слабости во управата, односно одговорност за чистата деловна активност “во суштина не ни било перципирано” –  ова е јасна критика за врвниот менаџмент на Групацијата.

Само за периодот од 2010 до 2015 година, ревизорите класифицирале 9063 автомобили како возила со ризик, возила за кои што никој во групата не знаел: што било инсталирано или отстрането, кои мани имале, и кои исклучоци можеле да предизвикуваат. Во некои случаи, експертите за ревизијата дури нашле докази за манипулација. Во производството биле “рачно” нанесени каросериските броеви на предпроизводените возила до датумот на почеток на редовната серија, и со тоа се замаглува вистинскиот датум на производството. VW вели дека денес не се манипулираат никакви броеви на возилата.

Само во мај оваа година, две години по првата најава, VW одлучи програма за реоткупување. Најмалку 5555 автомобили кои не требало да се продадат, компанијата сега сака да ги купи назад од своите клиенти.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани