Авторски права mk-in.de

Service aut nascuntur, aut fiunt – велеле старите Римјани. Робовите или се раѓаат или се создаваат. Мислите дека ропството е историја?

Животот им е бавен, смртта уште повеќе…

Зарем Бог не создал како роботи бе мајката или како човечки суштества? Зарем нашата вредност е во тоа колку тули можеме да носиме на својот грб во текот на еден ден?

За многумина Индијци, Африканци, Латиноамериканци, Европјани од истокот, за сите нив, за околу 30 милиони луѓе, ропството е реалност.

Модерните видови на ропство можеме да ги сретнеме во градежништвото, секс индустријата, гастрономството, текстилството, домаќинствата…

А имаш и опции, замисли!

Некој да те продаде, сам да се продадеш или да се родиш како таков – роб.

Дали знаете и дали сте слушнале дека големите McDonalds, ја подржуваат експлоатацијата и искористувањето на дечињата во своите погони за производство на играчки. Во Кина, во посебни зони, овие дечиња работат и по 16 часови дневно, седум дена во неделата, за 1,5 долар на саат за производство Snoopy, Winnie the Pooh и Hello Kitty.

Кое лицемерие, еј?

Изнудуваат детски насмевки на едната страна, на сметка на детските солзи на другата страна.

Мислите дека ропството е таму некаде далеку?

Неодоамна Дојче Веле пренесуваше за случката во еден етиописки ресторан среде Берлин.
Јадењето било секогаш одлично,гостите задоволни. Но се прашувам дали воопшто знаеле дека во кујната работела една Етиопјанка, од рани зори до длабоко во ноќта, која не разбирала германски, потполно изолирана од надворешниот свет и за сето тоа, за година и пол работа добила се на се 500 евра (помалку од едно евро на ден).

А мислите дека во Македонија го нема?

Зарем не сте слушнале дека во конфекциските фабрики во Македонија се врши постојан притисок, урлање, искористување на нашите луѓе? Дека им се кинети и по илјада денари и од така бедната плата на оние кои ќе одат во WC , повеќе од три пати во денот? Дека си постои специјално човек за тие ствари кои запишува дури и колку време се задржуваат таму? Дека се работи од сабајле од 6 до 18 со постојани понижување, со манипулирање на законите и нивно вртење во своја полза? Дали знаете дека еден инспектор се поткупува со една кошула?

За нив сигурно знам, за останатите гранки оставам на вас.

И сеа иако мразам морам да генерализирам.

Општествените системи се комедија, ропството е легално (некаде е суптилно, некаде е апла), но секаде постои во комбинацијата сиромаштија и агресија.

Еве да тргнеме од себе си. Ни се водиме како слободни, но си ја продаваме душата да речеме на банките (финансиско ропство). Можеш и овде да бираш ако сакаш, па да бидеш еден од робовите на банките, на државата, на лихварите, на медиумите и да се давиш во заеми, долгови, бесконечни кредити…

Секое едно општество се смета за цивилизирано, но сепак се базира на искористување на послабите за лична добивка.

Или пак сме робови на комфорот и комодитетот?

Зарем не сносиме директна одговорност со нашиот статус на консуматорско општество и ненаситни потрошувачи? Зарем не придонесуваме кон тоа со вишокот на храна, вишокот на технологија, брендирана облека…?

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани