Авторски права mk-in.de

Покрај големите Смарт Телефони, на кого му е уште потребен Таблет?

Бидејќи паметните телефони стануваат сè поголеми и поголеми, се поставува прашањето, зошто ни е потребен таблет. Податоците за продажба на таблетите паѓаат, но производителите и експертите гледаат иднина за рамните компјутери.

Поминаа добри осум години од почетокот на првиот iPad. Беше полесен и полесен од било кој лаптоп. Паметните телефони беа тогаш надминати со голема дијагонала на екранот и поголема виртуелна тастатура.

 

Ова беше проследено со безброј уреди од други производители. Таблетите се достапни за помалку од 100 евра – но продажбата  оди наназад. Според Индексот на пазарот на електроника, 1.74 милиони таблети биле продадени во Германија во првата половина од 2018 година. Во истиот период минатата година биле 1,83 милиони таблети продадени.

 

Мостот помеѓу паметен телефон и компјутер
Таблетот го премостува јазот помеѓу паметен телефон и компјутер: големиот екран го олеснува работењето и гледањето на фотографии, видеа или веб-страници. Во споредба со компјутерите, тој е повеќе мобилен, полесен,  и брзо  се користи. До денес, речиси сите таблети користат мобилни оперативни системи како iOS на Apple или Google Android. Само Microsoft се потпира на Windows,.

Постојат големи разлики во цената: Андроид Таблетите се веќе достапни за помалку од 100 Евра, додека цените за iPad на Apple се стартуваат од околу 350 Евра и достигнуваат повеќе од 2000 Евра. Сепак, Apple е лидер на пазарот во Западна Европа: во првата половина од 2018 година, секој трет продаден таблет беше iPad.

 

iPad како замена за Notebook
Главниот и одговорен уредник на специјалниот весник “Mac & i”, Stephan Ehrmann вели: фокусот на таблетите на Apple е во деловниот сектор со iPad Pro, кој исто така може да се користи преку пенкало. “Apple повеќе ги позиционира своите iPadi кон замена на лаптоп отколку за креативни и професионални уреди”, вели тој. Малиот iPad Mini, кој е едвај поголем од најголемиот iPhone XS Max, не е надграден од 2015 година.

Речиси исклучиво приспособени кон домашните корисници се Андроид таблетите. Трендот е: подалеку од малите таблети со дијагонала од седум инчи. Дури и производителите на брендови како Huawei, Samsung или Lenovo нудат таблети за 100 евра – дури и поголеми со дијагонала од 11 инчи.

 

Пристап до Android таблетите на Play Store
Пред купување на Андроид таблет, постојат неколку работи кои треба да се земат во предвид: Главен извор на софтвер е Google Play Store. Таблетот треба да има пристап до него, што е обично во описот на производот. Резолуцијата на екранот треба да биде за читање, гледање и сурфање најмалку HD квалитет   со (1920×1200 пиксели), вели Mathias Roessler на порталот “Chip Online”. “Покрај тоа, уредот треба да биде стабилен и добро направен, вели тој. Тековната верзија на Андроид од 7.0 треба да биде на уредот. Ако само сурфате дома, не ви е потребна SIM-картичка.

Меморијата не смее да биде премногу мала но кај многу Андроид таблети може да се прошири со мемориски картички. Кој сака да  игра игри или брзо да се префрла помеѓу апликациите  треба да обрне внимание на процесорот со најмалку четири јадра, подобро осум,  треба да се бара основна РАМ меморија од 3 GB.

 

Бумот на таблетите е завршен

Експертите се согласуваат: Бумот на таблетите е завршен, големи паметни телефони се во тренд. Додека во професионалното поле таблетите се користат главно за презентации или апликации со пенкало и тастатура, евтините таблети, сепак  ја наоѓаат својата улога како втор уред за читање или за видеа гледање.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 Mk-in.de. Сите права се задржани