Авторски права mk-in.de
Ако сте дошле во Германија со виза поврзана со еден работодавец смеете од тука да го смените работното место. § 5 (2) S. 1 Nr. 1 AufenthG (закон за престој) обврзува да се има соодветна виза при влез во државата. Таа ја имате (работна виза), го менувате само додатокот (Nebenbestimmung).
Најчесто се дозволува да се почне процес на промена ако веќе имате картичка-дозвола за престој (Aufenthaltskarte, Aufenthaltstitel, Aufenthalt). Сепак и само со визата во пасош не е исклучено да ви дозволат (законски никаде не е одредено), тоа се сигурно некои интерни прописи, така да ако немате картичка а сакате да смените работодавец ќе мора да си прашате директно во надлежната служба за странци (Ausländerbehörde, Ausländeramt), на некои им успеало и само со визата.
За промената е потребен нов работен договор и формуларот Stellenbeschreibung (симнете го тука https://con.arbeitsagentur.de/…/…/documents/dok_ba015716.pdf Договорот (или првична потврда за претстоен договор) и формуларот (пополнет од новиот работодавец) ги носите во служба за странци.
Теоретски може да им ги пуштите документите по пошта или мејл, сепак прашајте си прво. Од таму проверуваат во завод за вработување (Bundesagentur für Arbeit ) дали ќе ви биде издадена нова дозвола за новиот работодавец, во просек овој процес трае 2-3 недели. Пазете формуларот да е скроз пополнет, ако фалат некои податоци заводот се јавува кај работодавецот да праша, на што непотребно се троши време. Или ќе ви стигне писмо со одлуката или ќе треба да се јавите во службата за странци после тоа време да прашате до кај е процедурата.
Ако заводот ја дозволи новата работа ќе треба лично да отидете во службата за странци за да ви ја сменат (или ако сте само со виза-да ја издадат) дозволата за престој. Ако новиот договор е со ист рок како и првиот (на неопределено или -со новиот закон- најчесто до 2020 год) и ако веќе имате картичка ќе ви го сменат само зеленото ливче (Zusatzblatt), тоа е бесплатно. Ако новиот договор трае пократко ќе треба нова картичка да се прави. За тоа се плаќа пак, првата е 100 €, секоја наредна со важност над 3 месеци е 93 €.
Ако одбијат ќе ви соопштат зошто ве одбиле, најчести причини се премала плата, невработени во Германија кои имаат предност. Ако платата е проблем може да ја смени работодавецот и пак да го поднесете формуларот и да почекате одговор. За други причини според мене е проблематично да се буните, во тој случај може да побарате нов работодавец и да пробате пак.
Додека не ви ја сменат дозволата за престој не смеете да работите кај новиот работодавец. Не сакате да ризикувате казни и дополнителни проблеми кога и онака сте нови тука.
Ако не работите веќе кај првиот работодавец кога сте поднеле за промена (најчест случај), во преодниот период додека не почнете кај другиот вие сте одјавени и треба сами да си плаќате здравствено, колку се месечните давачки прашајте си во вашата осигурителна компанија, како што кажуваат повеќето е над 150 €.
Превземено од фејсбук профил
Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани