Авторски права mk-in.de

„Повторувајте по мене!“ – вреска во микрофонот Германец, кој го прифатил исламот и салафитски проповедник Пјер Фогел. Млада жена екзалтирано ги повторува зборовите на исламската доктрина. Ова се случува во градот Офенбах во провинцијата Хесен во 2010 година. Во Јутјуб се уште се вртат видеа од слични сцени. До 2016 година салафитите агресивно и самоуверено креваа глас пред општеството. Брадести мажи со шалвари и бела наметка раздаваа по плоштадите на градовите во западниот дел на Германија слободни германски преводи на Куранот во рамките на спорната акција „Читај!“ Тие отворено ја проповедаа својата радикална интерпретација на исламот. На т.н. „Исламски семинари“ беа „крстени“ конвертити од целата земја. Постепено тие создадоа и се преселија во еден паралелен свет.

По забраната

Денес веќе нема штандови на акцијата „Читај!“. Во 2016 година германското Министерство за внатрешни работи го забрани здружението „Вистинската религија“ што организираше Конверзија на конвертитите. Германската служба за заштита на уставот напиша своевремено дека здружението „исповеда идеологија која го заменува постојниот уставен поредок, се залага за вооружен џихад и врбува исламисти, како и други лица кои имаат џихад-исламистичка мотивација и сакаат да заминат за Сирија или за Ирак“.

Радикалните салафити веќе речиси не се забележуваат на јавни места. Сепак, тие не се исчезнати. „Салафитите веќе дејствуваат надвор од очите на јавноста“, вели советникот од Центарот за дерадикализирање во Бон, Хан Охрон. Тој консултира радикализирани луѓе, џихадисти и исламисти кои се вратиле од Сирија и Ирак. „Врбувањето на младите се врши особено преку лични разговори или онлајн. Ова ја попречува полициската контрола врз салафитската сцена“, вели Охрон.

Еднаш салафит, секогаш салафит?

Во ниедна друга германска провинција не живеат толку многу салафити, колку во Северна Рајна-Вестфалија. 300 од вкупно 1.000 џихадисти кои се приклучиле на веќе разбиената „Исламска држава“ (ИД) се од Северна Рајна-Вестфалија. И речиси сите исламистички мотивирани напади и обиди за атентати се извршени од луѓе, кои се радикализирале преку салафизмот. Ова се однесува и за Анис Амри, кој го изврши крвавиот напад на божиќниот базар во Берлин на 19 декември 2016 година.

„Се разбира дека не секој салафит автоматски е и терорист. Но секој исламски терорист бил пред тоа салафит“. Овие зборови ги слушаме постојано од устата на различни луѓе кои се занимаваат со салафитската сцена како соработници на тајните служби, наставници, советници во бироата за дерадикализирање, или во бирото за интеграција во Бон – градот кој се смета за еден од бастионите на салафизмот во северна Рајна-Вестфалија.

Салафизмот е крајната реакција на исламот. Неговите поддржувачи го прифаќаат Куранот буквално и се ориентирани исклучиво на тоа како пророкот Мухамед и неговите непосредни следбеници го толкуваат исламот. Тие ги отфрлаат сите други толкувања на исламот донесени од други религии и струи. Исто така, постојат верници во салафитскиот спектар кои самостојно ја следат нивната строга интерпретација на исламот. Сепак, голем број верници припаѓаат на политичките салафити, кои сакаат да создадат фундаментална верска држава. Тие ги отфрлаат секуларните закони и германскиот устав. Тие го признаваат само шеријатот како Божји закон. Дванаесет проценти од сите поддржувачи во Северна Рајна-Вестфалија се жени. Тоа е зошто жените салафите и нивните деца се под специјален надзор на властите.

Врбување во затвор

Властите собираат многу полесно доказен материјал за мажите салафити, кои се враќаат од Сирија и Ирак во Германија. Тие се бореа на страната на ИД, нивните лица се гледаат во многу пропагандни видеа, со гордост ги шират своите „херојски“ дела во социјалните мрежи. Бројот на припадници на исламистичко-екстремистичката сцена во германските затвори расте. Од 2013 година, главниот обвинител презеде дејства против 24 повратници џихадисти од Сирија и Ирак. Салафитите одговораат на ова со т.н. „помош за затворениците“.

„Од гледна точка на безбедносните сили, оваа грижа за затворениците е многу сериозна опасност“, вели Бурхард Фрејер, шеф на Канцеларијата за заштита на уставот во Северна Рајна-Вестфалија. Затворениците добиваат писма од муслиманските „браќа и сестри“. Преку Интернет, донациите се донирани на нивните семејства. Станува збор за создавање на блискост и верска грижа. „Целта е да ги задржи луѓето во пазувите на салафизмот и да не бидат ресоцијализирани преку затворот“, вели Буркхард Фрајер.

Промена на генерација

Салафитската сцена во Германија многу се промени во споредба со 2003-2004 година, вели тој. „Во почетокот имавме работа со салафити кои зборуваат германски. Главната цел во првичниот стадиум беше мисионерството. Бидејќи многу од тогашните учесници се „религиозно неписмени“. Со текот на годините салафитите стануваа сè посклони кон насилство. Врв на оваа подготвеност за насилство беше заминувањето на многу салафити за Сирија и тоа со цел да создадат Калифат на Блискиот Исток“, вели Бургхард Фрајер.

Шефот на Канцеларијата за заштита на уставот во Северна Рајна-Вестфалија забележува нов развој по воениот пораз на ИД .

„Во меѓувреме, се создаваат цели салафитски семејства кои постепено ја заздравуваат салафитската заедница. Во Германија веќе имаме еден салафизам кој нема потреба од калифат и идеологизирање однадвор. Тој се повеќе се претвора во внатрешен екстремизам“, вели Бургхард Фрајер.

„Целата салафитска сцена е херметички затворена и прераснува во уште едно паралелно општество“, заклучува тој.

Извор: Стандард.мк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани