Авторски права mk-in.de

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− Валиден пасош, во оригинал и 2 копии,

− договор за работа: потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, висината на
надоместокот (во Евра), работното време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии,

− формулар за oпис на работното место (Stellenbeschreibung), од работодавачот пополнет и потпишан, во оригинал и 2 копии,
Линк до формуларот овде

− доказ за сместување или потврда од работодавачот за обезбедено сместување, во оригинал и 2 копии,

− доказ за завршено високо образование (диплома за завршен факултет и уверение со преглед на оценките), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,

− биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока.

− Одобрение од Германија за обавување на лекарска дејност (апробација или дозвола за обавување на професијата), во оригинал и 2 копии,

− доколку се уште не ви е издадено одобрението, тогаш приложете доказ дека е поднесено барање за издавање на одобрение за обавување на лекарска дејност во
соодветната служба во Германија.

− Доказ за познавање на германски јазик – ниво Б2, во оригинал и 2 копии.
Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани