Авторски права mk-in.de

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб-страната од Германската амбасада.

Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 1 копија.

Оваа виза им овозможува на заинтересираните стручни лица од трети земји, кои имаат завршено високо образование за максимум 6 месеци да отпатуваат во Германија со
цел на лице место да најдат соодветно работно место според нивната квалификација. Општи информации за миграција на стручни лица можете да најдете на порталот за
стручни лица www.make-it-in-germany.com.

 

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 1 формулар, читливо и целосно пополнет на германски јазик и своерачно потпишан (со латинични букви),

− 1 биометриска фотографија од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија,

− биографија (CV) на германски јазик, за професионалната кариера, своерачно потпишана,

− мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за планираниот престој за барање работно место (бранша, област, регион, времетраење на престојот/сместување
и сл.), своерачно потпишано,

− доказ за финансирање на престојот во Германија (гарантно писмо или сопствени финансиски средства докажани преку извод од банка), во оригинал и 1 копија,

− свидетелства, дипломи за завршено образование, во оригинал и 1 копија и превод на германски јазик во 1 примерок,

− откако барањето се одлучи позитивно, пред да се издаде визата потребно е да приложите и доказ за патничко здравствено осигурување, доколку доказот претходно
не сте го приложиле, во оригинал и 1 копија.

− Во датотеката АНАБИН: www.anabin.kmk.org може да се погледне дали Вашето образование стекнато во странство е признато или може да се спореди со
образованието во Германија.

 

Ве молиме обрнете внимание:
Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.
Времетраењето на обработката по правило изнесува 3-4 работни дена.

 

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани