Авторски права mk-in.de

Напомена : Ова упатство дава информации за барателите на виза за вработување како помошник негувател/болничар. Ова упатство не важи за барателите на виза кои
сакаат да се вработат како негуватели и болничари.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

− договор за работа/договор за стручна подготовка: потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за работната позиција, почетокот и времетраењето
на вработувањето, висината на надоместокот (во Евра), работното време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии,

− формулар за oпис на работното место (Stellenbeschreibung), од работодавачот пополнет и потпишан, во оригинал и 2 копии,
(https://www3.arbeitsagentur.de/web/wcm/idc/groups/public/documents/webdatei/mdaw/mdk4/~edisp/l6019022dstbai454236.pdf),

− доказ за сместување или потврда од работодавачот за обезбедено сместување, во оригинал и 2 копии.

− Потврда од рабодтодавачот дека помошникот негувател/болничар не се вработува за извршување на активности за кои е потребна лиценца за извршување на
професијата, во оригинал и 2 копии.

− Доказ за познавање на германски јазик најмалку на А2 ниво, во оригинал и 2 копии.
Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани