Авторски права mk-in.de

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

− договор за работа: потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, висината на
надоместокот (во Евра), работното време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии,

− информации за сина карта ЕУ (Blaue Karte EU/EU Blue Card) можете да најдете: http://www.bluecard-eu.de/blaue-karte-eu-deutschland/.

− формулар за oпис на работното место (Stellenbeschreibung), од работодавачот пополнет и потпишан, во оригинал и 2 копии,
(https://www3.arbeitsagentur.de/web/wcm/idc/groups/public/documents/webdatei/mdaw/mdk4/~edisp/l6019022dstbai454236.pdf),

− доказ за сместување или потврда од работодавачот за обезбедено сместување, во оригинал и 2 копии,

− доказ за завршено високо образование (диплома за завршен факултет и уверение со преглед на оценките), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,

− во датотеката АНАБИН: www.anabin.kmk.org можете да погледнете дали Вашето образование стекнато во Македонија е признато или може да се спореди со
образованието во Германија.

− биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока.
Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.

 

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани