Авторски права mk-in.de

Термини можат да се закажат само онлајн преку врб-страната на Германската амбасада.
Барањето се поднесува само лично.
Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра.
Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

− договор за работа: потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, висината на
надоместокот (во Евра), работното време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии,

− формулар за oпис на работното место (Stellenbeschreibung), од работодавачот пополнет и потпишан, во оригинал и 2 копии,
Линк Формулар

− доказ за сместување или потврда од работодавачот за обезбедено сместување, во оригинал и 2 копии.
Ве молиме обрнете внимание:
Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани