Авторски права mk-in.de

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

− доказ од надлежната матична служба во Германија, дека се исполнети сите услови за склучување брак, во оригинал и 2 копии,

− официјален јазичен сертификат „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или „ОСД Сертификат
А1“ австриска јазична диплома, („Österreichisches Sprachdiplom A1“), во оригинал и 2 копии. Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат
само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат. Барање за виза со јазичен сертификат, кој не се признава, НЕМА да биде прифатено. (види
известување за основни познавања на германски јазик).

− Пријава за местото на живеење на идниот брачен другар во Германија, во оригинал и 2 копии,
− копија од пасошот на идниот брачен другар во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку идниот брачен другар не е
германски државјанин, во 2 копии.

− Доколку подносителот на барањето за виза и/или идниот брачен другар претходно веќе биле во брак:
− решение за развод, во оригинал и 2 копии, во соодветен случај и превод на германски јазик во 2 примерока,

− македонско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е склучен во Македонија, но разведен во
Германија, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,

− германско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е разведен во Македонија и еден од
брачните другари е германски државјанин, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
Ве молиме обрнете внимание:
Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи. Времетраењето на обработката по правило изнесува 3 месеци.

 

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани