Авторски права mk-in.de

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.
При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

− 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

− 2 биометриски фотографии од понов датум,

− пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

− Au-Pair-договор со фамилијата, во оригинал и 2 копии, потпишан од двете страни (фамилијата во Германија и дадилката). Договорот треба да ги
содржи сите потребни податоци, пред се почетокот и крајот на престојот како Au-Pair, опис на активностите, број и возраста на децата,
примањата, здравственото осигурување. Пример за договор може да добиете на интернет адресата:
https://www.arbeitsagentur.de/unternehmen/arbeitskraefte/au-pair.

− Мотивационо писмо, со наведување на причините за престојот како Au-Pair во Германија, своерачно потпишанo на македонски или албански
јазик, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,
− дополнително кај студенти: потврда од факултет, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.

Забелешка:
− Потребните основни познавања на германскиот јазик ќе се проверуваат при поднесување на барањето.

− Работниот однос како Au-Pair најрано може да се започне со навршена осумнаесетгодишна возраст. Барањето за виза за престој може да се
поднесе најдоцна на 26 години.

− Барањето не смее да се поднесе порано од 6 месеци пред договорениот почеток на дејноста како Аu-pair.

− Можен е само еден престој како Au-Pair.
Ве молиме обрнете внимание:
Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.
Времетраењето на обработката по правило изнесува 3 месеци.

 

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани