Авторски права mk-in.de

Тоа зависи од намената на патувањето. Барања за термин се обработуваат по категорија и по редослед, како што ќе стигнат. Моментално побарувањата за термин го надминуваат капацитетот на Визниот оддел. Од таа причина постојат подолги рокови на чекање за одредени категории на визи.

 

Актуелни рокови на чекање

За жал, во Германската амбасада мора да се смета на подолго време на чекање за термини за поднесување на барања за виза.

 

Времето на чекање за термин за поднесување на барање за виза зависи од категоријата на виза. Изричито упатуваме на тоа дека прикажаните рокови на чекање се само прогнози, направени врз основа на актуелните капацитети на обработка, врз кои влијаат променливи фактори.

 

Ако денес барате термин, најверојатно треба да сметате на следните рокови на чекање:

 

Виза за Сина карта/ЕУ, стипендисти, студенти и средно стручно образование (различни занаети) – околу три недели

 

Виза за квалификувани работници, чии професионални квалификации се веќе признати во Германија – околу три недели

 

Работна виза според таканаречената регулатива за Западен Балкан – околу 12 месеци

Виза за приклучување кон семејството (брак и деца кон родители) – околу 4 месеци.

Извор: Германска амбасада Скопје – Линк

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани