Авторски права mk-in.de

Исповед – заминав на работа во Америка, станав сексуална робинка

Сандра пристигнала во САД, надевајќи се дека ќе започне нова кариера во хотелската индустрија. Но наместо тоа, се нашла себеси во канџите на трговците со луѓе кои ја принудувале на секс. Неуспешно се обидувала неколку пати да избега, а еднаш била “помогната” од луѓе од синџирот. Ова е нејзината приказна.

Пристигнав во САД првата недела од јуни 2011 година. За мене, Америка беше ветена земја. На аеродромот го слушнав моето име, се свртев и го видов човекот кој ја држеше мојата фотографија. Го запознав Џон кој ме одведе до хотелот каде што требаше да работам.

Фактот дека хотелот беше во Чикаго, а јас слетав на аеродромот во Њујорк, покажува колку сум била наивна. Имав 24 години и немав поим во што се впуштам, а со мене имаше и две други девојки. Многу кратко се возевме, а потоа моравме да одиме во друг автомобил и забележав како Џон му даде пари на возачот.

Веднаш помислив дека нешто не е во ред, но си реков нема потреба да се грижам, бидејќи тоа е веројатно начинот на кој функционира овој синџир на хотели. После неколку промени на возачите, стигнавме до четвртиот, кој имаше пиштол. Тој нѐ одведе во Бруклин, каде што не пречека една госпоѓа, чија функција беше „Мадам“ во БОРДЕЛ.

Прв шок, прв секс и прва надеж

Не можевме да се движиме никаде. Во еден момент вратата се отвори и видов една девојка од можеби 12 години, која лежеше и врискаше на цел глас, додека група на луѓе ја се менуваа додека ја силуваа. Еден човек почна да мафта со бејзбол палка пред мене да ме предупреди да не мрдам.

По неколку часа, бев принудена и јас да имам секс. Бев преплашена, но нешто во мојата глава ми светна, најверојатно тоа беше инстинктот за живот.

Следниот ден се појави Џон и се извини за сѐ што ни се случи и рече дека настанала ужасна грешка. Тој ден не фотографираа, а потоа требаше да земиме униформи и да одиме во хотелот во Чикаго. Тој ни кажа дека сè ќе биде добро и како тоа нема да се повтори. Му поверував и тој беше вистински ангел во однос на она што го доживеав.

Меѓутоа, кога дојдовме да земиме униформи, се најдовме во продавница за долна облека. Помислив дека од тука би можела да побегнам, но многу бев исплашена, а потоа видов како нашиот придружник нѐ гледа со отпуштен пиштол. Гестот што го направи за да го видам пиштолот ме натера да знам дека не смеам да пробам ништо.

Постои само еден начин да се врати долг од 30.000 долари

Подоцна ме однесоа на местото каде што имаше трговци. Тие беа од Индонезија, Тајван, Малезија, Кина и Америка. Само двајца од нив зборуваа англиски, другите го користеа јазикот на телото и беа многу груби. Особено ме плашеше човек кој имаше полициска значка, и до ден-денес не дознав дали е вистински полицаец.

Ми рекоа дека им должам 30.000 долари и дека сумата ќе ја отплаќам со услугите што ќе им ги давам на клинетите, а секој клиент ќе биди 100 долари. Во наредните месеци ме одведоа во разни бордели, станбени згради, хотели и казина на источниот брег. Бев ретко на истото место два дена, и не знаев каде сум нити каде одев.

Однадвор борделите наликува на обични куќи, а ентериерот наликуваше на дискотеки. Кокаин и кристал мет имаше оставено на масите. Трговците ме држеа на нишан и ме тераа да земам дрога, да пијам виски и пиво.

Бев толку уплашена што не можев да плачам

Седевме голи цело време и чекавме клиенти. Ако никој не дојдеше, имавме малку време за да спиеме, но тоа никогаш нема беше во кревет.

Овие “тивки” часови често ги користеа трговците за да не силуваат. Бев толку уплашена што, и покрај тоа што бев свесна за тоа што ми се случува, не можев да плачам.

Се сетив на девојката што ја видов на првиот ден и на тоа што правеа макроата ако некоја девојка одбиеше секс. Пиштол, нож и бејзбол палка се начин на комуникација во овој свет.

Бев принцеза со вперен пиштол во грбот

Околу полноќ, еден од макроата ме одведе во едно казино. Ме облекоа како принцеза, а моите макроа носеа црни костуми и црни црни чевли и изиграваа мои телохранители. Никогаш не псме влегле во казино низ лобито како овој пат, туку секогаш беше преку вратата за вработените и лифтот за послугата. Цело време, имав пиштол вперен во грб, па не можев да сторам ништо.

Кога за првпат отидов во хотелската соба, мислев дека би можела да избегам, но мојот макро секогаш чекаше во ходникот и ми ги покажуваше само вратите од наредната соба во која што требаше да влезам. Посетата на собите траеше 45 минути и така секоја вечер, а макрото ме чекаше во ходникот.

Бидејќи бев послушена, макроата никогаш не ме тепаа, но клиентите честопати беа насилни. Имаше различни луѓе, од членови на мафијата до студенти, а јас бев нивна сопственост за 45 минути и морав да го правам сето она што го наредеа.

Првиот обид за спас – измама на макроата

Бев слаба, и ментално и физички. Макроата ме хранеа само со ориз со неколку краставици и честопати бев под силни дроги. Бев под постојана закана од насилство, и морав да останам присебна.

Еден ден ме одведоа во бордел во Бруклин каде што бев со 15-годишно девојче од Индонезија. Ја викаа Нина. Разговаравме со една жена што беше задолжена за нас во тој бордел. Таа беше многу љубезна и ни даде број од некој човек на кого треба да му се јавиме ако некогаш успееме да избегаме, бидејќи тој ќе ни помогне.

Продолжува…

 

 

 

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 Mk-in.de. Сите права се задржани