Авторски права mk-in.de

 

 

Ако некогаш патувате низ северна Германија и го посетите гратчето Бомте, ќе ве пречека невообичаена ситуација – на улиците и крстосниците нема никакви знаци и обележувања.
Имено, градскиот совет на овој град, пред неколку години реши да ги забрани семафорите и сите сообраќајни знаци. Овој експеримент се покажал како многу ефикасен, бидејќи во првите две недели не се случила ниту една сообраќајка. Единствени правила кои останале во Бомте, биле следните – секогаш движете се по десната страна на коловозот и не возете премногу брзо.
Градските власти увиделе дека и покрај тоа што во градот нема никакви сообраќајни знаци и забрани, сепак постои голема сообраќајна култура. Возачите станале многу повнимателни, а на улиците никогаш не се случил некаков неред и метеж.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани