Авторски права mk-in.de

Железничката компанија Дојче бан, германската армија и уште 40 фирми побараа денеска отштета од повеќе производители на камиони кои Европската комисија веќе ги осуди во голема картелска афера.

– Дојче бан  ја предаде тужбата во судот во Минхен против камионскиот картел на ДАФ, Дајмлер, Ивеко, Ман и Волво/Рено, се вели во соопштение.

Дојче бан, Бундесверот и група компании бараат надомест на финансиска штета за периодот 1997-2001 година поради илегално зближување на производители на камиони заради договарање цени.

Случајот се однесува на 35.000 купени камиони чија цена е над две милијарди евра, наведува Дојче бан.

ЕК во 2016 година ги казни тие производители со рекордни 2,93 милијарди евра проади договарање цени и модалитети за воведување чисти технологии пред да ја казни Сканија во 2017 година со 880 милиони евра.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани