Авторски права mk-in.de

Доколку го пропуштивте првиот дел – тука, или вториот дел – тука

1. Германија е втор по големина потрошувач на пиво во Европа – Германците во 2012 година испиле 2,55 милијарди галони пиво, што е најниско ниво од повторното обединување во 1990 година, но тоа е уште повеќе од било кој друг во Европа, освен од Чесите. Постојат повеќе од 1.200 пиварници кои произведуваат над 5.000 различни брендови на пиво.

2. Пушењето е забрането на јавни места, но пиењето сеуште е легално – пушењето е забрането во јавните објекти, во јавниот транспорт и на други места од 2007 година, но алкохол може да пиете јавно.

3. Германија е еден од најголемите светски производители на автомобили – продавајќи 6 милиони автомобили во 2015 година. VW’s Golf е еден од најдобро продаваните автомобили на сите времиња. Во 2016 година, најпродаваните марки на автомобили во Германија беа Фолксваген, Ауди, Мерцедес и БМВ.

4. На хомосексуалците им е дозволено да посвојуваат деца – било каква форма на дискриминација против хомосексуалците и лезбејките е исто така незаконска. Берлин е трет по големина геј град во Европа, со околу 300.000 геј жители. Сепак, многумина ја критикуваат оваа законска легислатива како несоодветна. На хомосексуалците им е дозволено таканаречено’последователно посвојување’, што значи дека партнерот може да посвои дете што веќе го донел нивниот партнер, но тие не можат да поднесат барање за посвојување како пар.

5. Октоберфест во Минхен е најголемиот фолк фестивал во светот – и тука има и многу пиво. И покрај неговото име, фестивалот Октоберфест всушност започнува во последната седмица од септември и официјално датира од 1810 година, кога престолонаследникот Лудвиг пrиреди забава на свадбата на принцезата Терезе на 12 октомври.

6. Ангела Меркел, канцеларката на Германија од 2005 година, беше рангирана како втора најмоќна личност во светот – во магазинот Форбс во 2012 година, Меркел стана највисоко рангирана жена на листата досега. Во 2009 година, Мател прослави 50 годишнина на куклата Барби со производство на кукла Ангела Меркел Барби.

7. Германија е една од водечките светски книжевни нации – објавувајќи околу 94.000 наслови секоја година. Во Германија исто така се одржува најголемиот саем на книги во светот, тоа е Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт. Овие факти не се изненадувачки, револуцијата во печатарството потекнува од Германија, односно печатењено со користење на подвижен тип – е измислено во Германија. Исто така, најраното познато списание што некогаш е објавено е Erbauliche Monaths-Unterredungen, кој го започна германскиот поет и теолог Јохан Рист.

8. Германија има повеќе културни активности и места од која било друга земја – тоа е земја на културата, со 6.200 музеи, 820 театри, 130 професионални оркестри и 8.800 библиотеки во 2013 година. Постојат повеќе музеи, изложбени сали и уметнички галерии од која било друга земја (и тоа не само во големите градови), со што повеќе луѓе одат на изложби отколку на фудбалски натпревари.

9. Германија е најголемата економија на ЕУ – со бруто домашен производ (БДП) од 3,49 трилиони евра (3,84 трилиони долари), и се наоѓа на четвртото место во светот позади САД, Кина и Јапонија.

10. Германија е лидер во климатските и енергетските политики – во 2011 година донесе одлука да ги прекине сите нуклеарни централи до 2022 година и да ги замени со обновливи извори на енергија. Најмалку една третина од Германија сега се напојува со обновлива енергија.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

Германија го ограничи собирањето податоци на Фејсбук
За чист воздух: Владата планира бесплатен јавен превоз
Колку време треба да чекам за да добијам термин?
Бремен: Малолетни девојки малтретирани во воз, возрасните без реакција
Вкусот на германската кујна
Полицијата во Германија пронајде цел арсенал калашникови во близина на џамија кои им припаѓаат на Ис...
Што е тоа "блокчеин" - и што има од тоа?
Признавање на возачките
Отидовме млади, сега се враќаме стари – Чичко Душко поминал 35 години во Германија
Божикните пазари во Германија со засилени безбедносни мерки
Како да се запишeте на германски универзитет ?
Стотици килограми хероин по грешка пристигна во маркетите АЛДИ
Мухамед најпопуларно име во Германија за 2018 година
потребни документи за работна виза со мк пасош
Германија покрена петиција против продажба на минијатурни фигури на Вермахтот

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани