Авторски права mk-in.de

Доколку го пропуштиве првиот дел, можите да го погледнете тука.

1. Главниот град на Германија е променет седум пати – овие градови биле главен град на модерна Германија: Ахен, Регенсбург, Франкфурт, Нирнберг, Берлин, Веимар, Бон и од 1990 година повторно Берлин.

2. Германија е позната како земјата на поети и мислители – или das land de dichter und denker. Бах, Бетовен и Гете се Германци заедно со композиторите Хендел, Шуман, Менделсон, Брамс, Вагнер и Р. Штраус. Исто така некои од најголемите светски филозофи се германци вклучувајќи ги Кант, Хегел, Шопенхауер, Ниче и Хајдегер.

3. Аеродромот во Минхен е вториот најточен аеродром во светот, веднаш по аеродромот во Токио.

4. Германија може да се пофали со некои од најпознатите пронајдоци во светот –  може да им се заблагодарите на Германците за сијалицата, автоматизираниот калкулатор и автомобилот. Тоа не е се, Германците се исто така заслужни за откривањето на инсулинот, кларинетот, џебниот часовник, парафинот, бензин/гас и дизел моторот, менувачот на брзини, моторот, млазните мотори, ЛЦД екраните и вокменот.

5. Германија има најголема популација во ЕУ, но е во пад – населението на Германија е околу 80,9 милиони, со 3,4 милиони луѓе кои живеат во главниот град Берлин. Сепак, две од пет домаќинства се домаќинства на самци. Германија, исто така, има една од најниските стапки на наталитет во светот, а владата очекува популацијата да се намали на 67 милиони до 2060 година. Во просек, германските жени го раѓаат своето прво дете на 29 години и статистички имаат 1,4 деца, а околу една третина се самохрани мајки.

6. Германија е втората најпопуларна дестинација за иселување во светот – земјата беше рангирана како број два од страна на ОЕЦД и Институтот за миграциска политика. Повеќето имигранти се од Европа, а првите три странски националности се Турци, Полјаци и Италијанци. Имигрантската работна сила им помага во ублажувањето на ефектите од ниската стапка на наталитет во Германија, зголемувањето на очекуваното траење на животот и стареењето на општеството; ОН предвидува дека бројот на Германците на работното место ќе падне на 54 отсто до 2030 година.

7. Германија е високо рангирана како земја каде би сакале остарите – просекот на животниот век во Германија е 81 година – 83 за жени и 78 за мажи – и моментално 26 проценти од целата популација е постара од 60 години. Германија е одлично место за пензионирање.

8. Берлинската зоолошка градина е најголемата зоолошка градина во светот – Германија исто така може да се пофали со повеќе од 400 регистрирани зоолошки градини. Вклучувајќи ги зоолошките градини, парковите за диви животни, аквариуми, птичји паркови, резервати за животни или сафари парковите, Германија има околу 700 објекти.

9. Германскиот образовен систем произведува врвни изведувачи – германските студенти постигнуваат повисоки резултати од другите според просекот на скалата на ПИСА на ОЕЦД, а 86 проценти од возрасните на возраст од 25 до 64 години имаат завршено најмалку средно образование (еквивалент на високо образование). Тоа е далеку над просекот на ЕУ од 74,2 проценти.

10. Германија има високо ниво на вработување – во 2016 година, повеќе од половина од луѓето на возраст од 15 до 64 години имале платена работа (43,3 милиони луѓе), а невработеноста се намали на рекордно ниско ниво од 4,2 отсто. Невработеноста кај младите беше исто така една од најниските во ЕУ со 7,7 отсто. Мажите првенствено работат со полно работно време, додека жените, особено оние со деца од предучилишна возраст, често работат со скратено работно време. Сепак, Германија за прв пат усвои минимална плата во 2015 година,

 

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани