Авторски права mk-in.de

Доколку сакате да се запишете на студии или да ги продолжите студиите на некој од најдобрите универзитети во светот, Германија нуди безброј можности за интернационални студенти.

Секоја година е се поголем интересот на странските студенти за студии во Германија. За да им излезат во пресрет на сите студенти секоја година расте и бројот на студиите кои се одвиваат на англиски јазик, и што е најважно, повеќето од германските универзитети се бесплатни за сите студенти на додипломски студии.

Како да аплицирате за студии на германски универзитет ?

За повеќето студии можeте да аплицирате директно во универзитетите или преку University Application Service for International Students ( линк ). Ако сакате да аплицирате на некој од 169 универзитети кои се на следнава листа ( линк ), мора да аплицирате онлајн преку првиот линк. На некои од студиите, како медицина, стоматологија, фармација и некои други животни науки местата се ограничени, и морате да аплицирате преку Foundation for Higher Education Admissions ( линк ).

Јазични вештини за прием на германски универзитет

Повеќето додипломски студии се на германски јазик, но не е мал и бројот на додиплосмки студии кои се на англиски јазик и тоа најмногу во бизнис студиите и општествените науки. Некои универзитети бараат основно познавање на германски јазик, некои нудат и курсеви по германски јазик за нивните студенти. Но некогаш ќе морате да земате и приватни часови за да се запишeте на германски универзитет.

 

Трошоци за студирање во Германија

Од Септември 2014 година, Германија ја укина партиципацијата на сите универзитети, но некои држави наплаќаат по 500 евра за семестар, но не за сите студенти, односно им наплаќаат само на студентите кои студираат подолго од стандардниот број на семестри, односно подолго од 4 семестри. магистратурата е исто така бесплатна за студентите кои имаат дипломирано на некој од германските универзитети во последните две години. Во друг случај можe да чинат 2000 евра по семестар. Докторатите најчесто се бесплатни.

 

Приватните универзитети продолжуваат да наплаќаат школарина за сите студенти и можe да чинат околу 20 000 евра годишно за додипломски студии и 30 000 евра годишно за магистратура.

Секој студент во Германија е обврзан да плаќа студентска такса на почетокот од секој семестар. Овие надоместоци се за студентската организација, студенстската администрација и понекогаш е вклучен и билет за локален транспорт. Сумата варира на различни универзитети и најчесто е помеѓу 100 – 250 евра.

Работа додека студирате во Германија

За студентите од Македонија, кои поседуваат македонски пасош, дозволено е да работат 120 денови годишно на цело работно време или 240 денови годишно на половина работно време. Морате да ја известите службата за регистрација на странци доколку работите. Платената и неплатената пракса за време на одморите се брои како нормална работа и ќе ви биди одземена од дозволените 120 дена.

Студентско сместување во Германија

Германските универзитети не нудат автоматски и сместување за нивните студенти. Има универзитетски домови во секој универзитетски град. Собите се евтини. околу 240 евра месечно и се лоцирани во близина на универзитетот. Како резултат на тоа има и многу голема побарувачка. Околу 40 проценти од страснките студенти живеат во студентски домови. За студентска соба можeте да пребарувате тука. Ќе морате да аплицирате веднаш штом го добиете вашето извстување за прием на универзитетот. Можeте да аплицирате преку студентската организација ( линк ).

Листа на врвни германски универзитети и институции

Баден Вутемберг

 

Баварија


Берлин


Бремен


Хамбург

Хесен


Северна Рајна Вестфалија


Долна Саксонија


Rhineland-Palatinate


Saarland


Саксонија


Саксонија Анхалт


Schleswig-Holstein


Thuringia

 

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани