Авторски права mk-in.de

Омар бил иста големина како и сите други мачки во леглото од каде Стефи Херст го одвела во својот дом во 2013 година. Но сега тој е долг 120 сантиметри и би можел да биде најдолгата мачка на светот.

Откако стана популарен на интернет, со неговата сопственичка стапија во контакт од Гинисовата книга на рекорди, барајќи од неа да им прати димензии од Омар.

Стефи Херст од Мелбурн ја сподели сликата на Омар на социјалната мрежа Инстаграм, која потоа беше споделена повеќе од 270 000 пати.

Омар припаѓа на расата Мејн Кун. Обично се буди во 5 часот наутро, за доручек појадува една чинија храна за мачки, малку се шета низ куќата, игра во дворот, преспива на трамболината и за вечера јади сурово месо од кенгур.

„Тоа е единственото месо кое сака да го јади“, објаснува неговата газдарица.

Со неговите 14 килограми, Омар е премногу тежок за да го подигаат често во раце, а Стефи користи кафез за кучина кога го носи на ветеринар.

„Зафаќа многу место во креветот, па останува надвор од собата во текот на ноќта“, кажа Стефи.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани