Авторски права mk-in.de

Минхен, трет по големина град во Германија, со повеќе од 1,4 мил. жители, град на доселеници од цела Германија и од целиот свет. Главен град на Баерн.

Градот е вистински предизвик, но воедно и меч со две оштрици. Важи за најскап град (особено становите), затоа и примањата треба да бидат на ниво,како би го доживеале градот во вистинско светло.

Минхен е град со извонредна инфраструктура, тука постојат сите видови на градски сообраќај и сите функционираат перфектно. На пример, аеродромот од неодамна е прогласен за најдобар во Европа, и со право!

Со 4.530 жители на км2, градот е најгусто населена опшина во Германија, но сепак функционира беспрекорно. Загадувањето, благодарение на ветрот и многубројните паркови не е хроничен проблем.

Englischer Garten, огромен парк во централниот дел на градот, кој освен вообичаено и омилено излетничко место на помладата популација, е и симбол на толеранција и космополитизам, како пркос на Баварскиот провинцијализам. Многу често може да забележите кои се потполно ослободени од сите општествени стеги и предрасуди, се опуштаат и разладуваат потполно голи, и покрај илјадниците туристи меѓу кои и мали деца. (Не секогаш пријатна глетка!).

 

Архитектура: од Романика и Готика, преку Барок, Класицизам до Постмодернизам

Градот е седиште на БМВ, покрај тоа изобилува со технолошки зони. Тука се концентрирани многубројни концерни, па оттаму е главен бизнис и финансиски центар не само во Германија туку и пошироко.

Од 50 светски релевантни градови, Минхен е број 2 по инфраструктура, и број 4 по животниот квалитет.

Оние кои бараат предизик и нешто повеќе од животот, завршиле добро образование, се здобија со релевантно работно искуство и значат нешто во струката, може слободно да се испробаат. Секако и сите останати,  во Минхен секој 4-ти е странец.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани