Авторски права mk-in.de

Готвачот Рене Реџепи се најде на 11-тото место на листата на 100 највлијателни луѓе во Данска на магазинот “Тајм“. Она што е интересно е дека тој потекнува од Македонија. Реџепи сега живее и работи во Данска каде што води успешен ресторан кој два пати беше прогласен за најдобар ресторан во светот.

Реџепи има 37 години. Неговата мајка е Данка, а татко му е Албанец роден во Македонија. Во едно интервју од 2010 година за телевизиската мрежа “Еј-Би-Си Њуз“ за тоа дали данските или македонските корени се “виновни“ за неговиот талент за готвење, тој одговара: “Македонските, се разбира“.

Реџепи е роден во Данска, а потоа се преселил во Македонија каде што живеел се’ до распаѓањето на Југославија.

Неговиот ресторан “Нома“ во Копенхаген беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010 и 2011 година. Реџепи е познат по неговата работа за повторно пронаоѓање и префинетост на новата нордиска кујна и храна, која се карактеризира со инвентивност и чисти вкусови.

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани