Авторски права mk-in.de

Германија има идеални предиспозиции за да биде астрономски богата земја. Тоа е, исто така, причината поради која се бореле во 3 најголеми европски војни за помалку од 75 години.

Германците излегоа од Втората светска војна со уништена инфраструктура, но многу паметни луѓе. Со помош на Маршаловиот план тие успеаја да ја обноват инфраструктурата, а германците работеа напорно за да го обноват своето материјално богатство. Германија имаше предвоена репутација за правење квалитетни стоки, а германските компании ја искористија таа репутација за да тргуваат во периодот по војната, правејќи многу квалитетни работи како автомобили, индустриска опрема, хемикалии, камери, итн.

Германците имаа многу стабилен политички систем од војната. Дебатите во германската политика се многу центристички – разликата меѓу партијата на левицата и партијата на десницата кога станува збор за доброто на народот скоро и да не постои. Кога повторното обединување стана возможно, Западна Германија многу брзо се мобилизира за да го направи тоа, и вложија многу пари за да го олеснат обединувањето. Имаше релативно мал приговор во германското општество за повторното обединување, иако беше скапо.

Германија е втор по големина производител во светот. Тие, исто така, имаат многу стабилна влада (прво во Западна Германија, сега во повторно обединета Германија) – од 1982 година имаа вкупно три канцелари. Нивните закони / прописи се исто така bisuness friendly. Комбинацијата на овие фактори значеше дека нивната валута (прво германската марка во 80-тите и 90-тите, а потоа и еврото) беше и сеуште е многу барана валута, бидејќи луѓето сакаат да инвестираат таму. Како што валутата станува се повеќе барана, толку станува поскапа за другите земји да ја купат. Бидејќи Германија произведува толку многу, се засилува и извозот на многу од нејзините стоки. Бидејќи вредноста на валутата сега се зголемува, клиентите во остатокот од светот мора да платат повеќе за да ја добијат истата стока, што им дава на германските компании повеќе пари. Како што добиваат повеќе пари, тие произведуваат повеќе и циклусот се повторува одново и одново.

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани