Авторски права mk-in.de

 

Ова е најживописната германска ботаничка градина и најпосетувано туристичко место на Боденското езеро – најголемото во Германија. Тешко е да се опише едно вакво место за кое се прераскажува од оние што го виделе само со суперлативи. Вистината е дека „Мајнау“ го заслужува секој еден комплимент. Да се шеташ по островот и да ги вдишуваш ароматите на над 150 етерични билки е прекрасно и незаборавно преживување. Прекрасните градини изобилуваат со благодетите на природата. Убавината на градините и нивната големина биле статусен симбол со кој најбогатите луѓе во минатото ја покажувале својата моќност и доминација. Изобилуваат ретките растенија, прекрасните фонтани. Особено се истакнува Италијанската розова градина, која изобилува со скулптури, фонтани и вклучува околу 5оо рози. Медитеранските тераси содржат егзотични саксии, вклучувајќи палми, кактуси, агави.

За љубителите на природата и зеленилото, ова е местото коешто треба да го посетите…

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани