Авторски права mk-in.de

[lockercat]Документи од вашето возило, при прва пријава на автомобил потребни ви се двете сообраќајни, Fahrzeugbief и Fahrzeugschein.

За регистрација на вашето возило потребен ви е бројот „скратено„ EVB
За регистрација и пререгистрација потребен ви е овај број EVB (потврда електронско осигурување). EVB е 7-цифрена комбинација на бројки и букви. Вашето осигурување испраќа сертификат со податоци за возилото и осигурениците на централна база на податоци. Вашата приемна канцеларија “Kfz-Zulassungsstelle” има пристап до базата на податоци со бројот EVB.

За да го добијате бројот доволен е еден телефонски повик до вашето осигурување за вашиот автомобил.
Или директно во една од најблиските канцеларии од вашата осигурителна компанија.


Во канцелариите за пријавување “Kfz-Zulassungsstelle” прво треба да тргнете ливче со бројче „Ред за чекање„ , на монитор можите да ги пратите повиците на бројчината по принцип „Пример: Бројче 77 на Шалтер 3„ во меѓувреме дури чекате ред треба да исполните еден формулар пред да појдите на еден од шалтерите, фомуларите и пенкалата се поставени нормално на една маса во просторијата за чекање.

Формуларот е овластување на државата самостојно да го одбива порезот за вашето возило од вашата трансакциска сметка, нарамно потребни ви се податоците од вашата сметка Ибан Биц итн…


Кога ќе дојдите на шалтер ке ви биде дадена наплатна картица и ливче со ознаки за регистраски таблици, за да наплатите ке мора пред влезот на Автомат да наплатите со внесување на картицата и плаќање ја порамнувате сумата која треба да се наплати, со ливчето „ознаките за таблиците„ одите во трафиката да купите регистарски таблички, каде ке ви бидат испечатени ознаките за таблиците на лице место, послем сето тоа се враќате на истиот шалтер со таблиците и сметката која ја помиривте на автоматот за наплаќање, за крај ќе ви бидат залепени печтите “Tüv” на табличките.

Останува уште да се постават табличките на вашиот Автомобил бидеќи успешно е регистриран и можите да возите слободно.[/lockercat]

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани