Авторски права mk-in.de

Стауфен, Германија

Стауфен е место кое ви го одзема здивот. Едноставната убавина, природата која ве опкружува и неверојатните пејзажи се клучните ,,состојки‘‘ на ова релаксирачко место. Доколку посакувате еден идиличен одмор ова е местото за вас, ќе уживате во совршенството на природните убавини.  Постојано посакуваме да заминеме на неколку дена на некое мирно и  чисто место, каде ќе може да се посветиме на природните убавини, заборавајќи на секојдневните обврски, заборавајќи го стресот.

Градот Стауфен во Германија е вистинското место за вас. Сместено во сојузната држава Баден-  Виртемберг, во кругот на Брајсгау-Хохшварцвалд.  Од Стразбур е оддалечен за околу 75 минути возење со автомобил.  Покрај тоа што е туристичко место, тоа е и историско место, можат да се забележат и готски и модерни елементи. Постојат голем број на легенди кои вреди да ги слушнете од локалните жители. Па ве поттикнувам да поминете еден ден во Стауфен и да ги слушнете овие легенди и да откриете што се крие во нив.. Доколку планирате да поминете незаборавен ден во ова место ви го препорачувам хотелот Gasthof KreuzPost… Што се однесува до храната, добро е  да пробате гради од патка, палачинки со печурки и рижото во црвен сос. А не заборавајте да купите и шише вино од цреши…
Покрај големите градови се кријат и мали места кои ја откриваат вистинската култура и традиција во земјите во кои се наоѓаат…

[inpost_galleria thumb_width=”200″ thumb_height=”200″ post_id=”10289″ thumb_margin_left=”3″ thumb_margin_bottom=”0″ thumb_border_radius=”2″ thumb_shadow=”0 1px 4px rgba(0, 0, 0, 0.2)” id=”” random=”0″ group=”0″ border=”” show_in_popup=”0″ album_cover=”” album_cover_width=”200″ album_cover_height=”200″ popup_width=”800″ popup_max_height=”600″ popup_title=”Gallery” type=”yoxview” sc_id=”sc1496830277321″]

 

Сподели:

Коментирај преку Facebook

© 2011-2019 mk-in.de. Сите права се задржани